Денес од 18:45 часот екипата на Еурофарм Пелистер ќе игра против дански ГОГ Гудме во рамките од европската лига.
Во Еурофарм веруваат дека можат до позитивен резултат:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скоро еден месец го анализиравме ГОГ Гудме и тоа е наша предност, за разлика од нив кои немаа толку време да ја анализираат нашата игра. Од другата страна нивна предност е брзата игра, но мислам дека со тактиката која ја подготви Бабиќ во одбраната можеме да извојуваме победа.
Се чувствувам среќно во овој клуб и чест ми е да работам со еден одличен тренер каков што е Бабиќ, кој се грижи за играчите, што е вистинска реткост“, изјави репрезентативецот Марио Танкоски.
Тренерот Бабиќ потенцираше дека е тешко да се одржи формата без натпревари, но најавува дека Данците ќе имаат проблеми.
„Многу е тешко кога ќе имате фокусираност и интенизитет, мина премногу време од нашиот последен официјален натпревар. Многу е тешко да се одржи формата само преку тренинзи, но и тоа е дел од нашата тренерска работи, во отежнати околности да го извлечеме максимумот од тимот.
“Гудме е многу добра екипа, моментно е лидер во данското првенство, што доволно говори за квалитетите на овој состав. Најмногу го краси извонредното движење на топката, често играат „еден на еден“ и трчаат без престан 60 минути. Многу се опасни при транзицијата од одбрана во напад, она што ние треба да го сториме е да го контролираме нашиот посед на топка, да имаме трпение во офанзивата, да имаме дисциплинирани шутеви, со што потоа би имале време да се вратиме, да поставиме зона во одбраната и да го забавиме ритамот на мечот. Верувам дека во одбранбената зона ќе бидеме цврсти и на тој начин ќе им создадеме проблеми на Данците“, рече хрватскиот стручњак“, порача Бабиќ.
Фото: РК Еурофарм Пелистер