Бранителот на титулата се справуваше добро со фактот дека е мета на сите, досега сезонава. Победата во групата А му даде шанса да оди директно во четвртфиналето, што значи дека тимот од Скопје е на еден чекор од пласман на Ф4-турнирот во Келн. Тренерот Раул Гонзалес и уште неколку клучни играчи си одат на крајот од сезонава, но претходно ќе се обидат да креираат историја– пишува во коментарот за Вардар.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
ПСЖ остана на првото место, Вардар од второто падна на четврто, пред нас се Веспрем и Барселона. Нашиот тим во есенскиот дел од сезоната беше на првото место од ова рангирање. ЕХФ Топ10 листата изгледа вака:
1. Псж
2. Барселона
3. Веспрем
4. ВАРДАР
5. Нант
6. Фленсбург
7. Кјелце
8. Кил
9. Кристијанштад
10. Монпелје