Жозе Мурињо пред неколку дена најави дека ги слушнал сите понуди да се врати на фудбалот и наскоро ќе соопшти каде ќе ја продолжи кариерата.
Ако судиме според последната изјава на потенцијалниот кандидат за претседател на Фенербахче на овогодинешниот избор, Азиз Јилдирим, Муруњо е многу блиску до промоција во истанбулскиот гигант.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јилдирим тврди дека се договорил со Мурињо да потпише договор на три години.
„Доаѓам во клубот за да станеме шампиони. Со Мурињо раговарав два часа и ги договоривме условите. Ако се биде како што треба ќе го доведам во Истанбул следната недела. Околу засилувањата не би можел ништо да ви кажам, тоа ќе ви каже новиот тренер. Можам да ви кажам дека во следните три години тоа ќе биде Жозе Мурињо“, изјави Јилдирим.
Јилдирим го водеше Фенер 20 години од 1998 до 2018 година кога беше победен на изборите од Али Коч.
Aziz Yıldırım: "Önümüzdeki hafta Jose Mourinho'yu İstanbul'a getireceğim. Jose Mourinho imzayı attı, gelmeme durumu yok." pic.twitter.com/osfNTJQYmo
— Şafak Malatya (@SafakMalatya_) May 29, 2024