Денес Македонија и Ерменија ќе го играат натпреварот од претпоследното коло во овие мундијалски квалификации. Ова е натпревар во кој и на двете селекции и им е неопходна победа ако сакаат да ги задржат шансите за бараж.
За нас ова ќе биде рекордна пресметка со Ерменците затоаш то ниту една друга репрезентација ќе немаме повеќе пати играно, до сега 11 пати сме играле со Лихтенштајн. Гостувањата за Македонија кај Ерменија се проблематични и тешко ни оди. Последен пат со оваа селекција игравме во ноември лани тогаш натпреварот се помести на неутрален терен поради воената ситуација во државата. На последните три гостувања имаме три порази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последен пат Ерменија на гости сме ја победиле на 4. Јуни 2005 година. Тогаш два гола постигна Горан Пандев, а од клупата репрезентацијата ја предводеше Слободан Сантрач.
Денес момците на Милевски ќе се обидат да ја прекинат црната серија на овие гостувања и да дојдеме до победа со која би ги задржале шансите за баражот, за кој ни се потребни две победи и кикс на Романија.