Дома Фудбал Англија Ериксен по дебито за Брентфорд: Јас сум среќен човек!

Ериксен по дебито за Брентфорд: Јас сум среќен човек!

Кристијан Ериксен во саботата се врати на терен.

Брентфорд го пречека Њукасл и запиша пораз од 2:0, а Ериксен доби шанса во 52. минута. После 259 дена од срцевиот удар Ериксен за првпат се појави на теренот и дебитираше на официјален натпревар за својот нов клуб. Навивачите на двата клуба го дочекаа со аплауз и овации.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Данецот не ја криеше среќата.

„Среќен човек сум. Кога ќе поминете се што сум поминал и повторно ќе заиграте тогаш чувството е фантастично. Сега ми е важно да му помогнам на клубот во борбата за опстанок“, изјави данскиот фудбалер.

Ериксен се поврзуваше со голем број клубови после раскинувањето на договорот со Интер, а на крајот се одлучи за Брентфорд каде што пристигнаа во јануарскиот преоден рок. Брентфорд до крајот на сезоната го чека борба за опстанок, неговиот тим е на 15. место со 24 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На автопатот се преврте автобус полн со навивачи на славниот клуб, камерите го снимија моментот (Видео)

Навивачите на бразилскиот гигант Фламенго доживеаја голема трагедија и шок за време на пат…