Дома Фудбал Енерике: Меси против Сити играше како во школски двор!

Енерике: Меси против Сити играше како во школски двор!

Тренерот на Барселона, Луис Енрике го пофали Лионел Меси по одличната игра во победата над Манчестер Сити синоќа во рамките на 3-то коло од Лигата на шампионите.

Меси се врати по повредата, а веќе во вториот меч по паузата постигна „хет трик” во триумфот на „Камп Ноу“ од 4:0.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Јасно е дека Лео Меси е најдобриот играч во светот. Тој ја направи разликата, беше инволвиран во сите клучни моменти. Беше ладнокрвен во завршницата на акциите, како да игра во училишен двор”, изјави Енерике.

„Без разлика колку време бил надвор од терените, колку натпревари пропуштил, тој целосно го разбира фудбалот. Оние кои се сомневаат во Меси не се доволно упатени во фудбалот”, заклучи тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…