Дома Останати Тенис Енди Мари се соочува тешката реалност и оди на операција

Енди Мари се соочува тешката реалност и оди на операција

Британецот Енди Мари го откажа настапот на АТП турнирот во Марсеј и со тоа веројатно стави крај на неговата кариера.

Пред почетокот на Австралија Опен Мари најави дека тоа можеби ќе биде неговиот последен тунрир.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во првото коло на овој Грен Слем турнир Мари доживеа пораз во маратонски натпревар против Роберто Баутиста-Агут. На прес-конференцијата после овој меч порача дека не е сигурен дали некогаш повторно ќе се види со публиката.

Мари тогаш најави дека ќе мора да оди на операција на колкот и дека таа операција не му гарантира дека повторно ќе може да игра тенис.
Сега оваа најава беше и потврдена.

„Тешко ми е, но немам избор. Бев решен да одам во Марсеј, каде што ја освоив титулата во 2008 година. Таа титула ќе ми остане во добро сеќавање“, кажа Мари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…