Филаделфија загуби од Бостон во „мајсторката“ и остана без финале во Источната конференција, а најдобриот кошаркар на екипата, Џоел Ембид ги критикуваше неговите соиграчи.
Ембид го заврши натпреварот со 15 постигнати поени, додека Џејмс Харден даде само девет поени и тоа беше пресудно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаме недовршена работа во иднина. Ништо не освоивме, а оваа година имавме шанса. Одигравме седум меча, имавме сè на своја страна, но не победивме.
Ќе видиме што ќе се случи. Харден има опција да го продолжи договорот, верувам дека заедно со него може да направиме многу работи. Но не сме доволни само јас и тој, потребно е да бидеме добар тим за да победуваме“, кажа Ембид.