Дома Фудбал Италија Елмас тренирал одвоено од соиграчите во Наполи!

Елмас тренирал одвоено од соиграчите во Наполи!

Maкедонскиот фудбалер Елиф Елмас вчера не тренирал заедно со останатите играчи на Наполи.

Наполитанските медиуми објавија дека Елмас тренирал одвоено, но не открија дали се работи за повреда или некаква казна. Во последно време Гатузо констатно испраќаше пофалби на адреса на Елмас, па поради тоа ова е чудно и поверајатно е да станува збор за повреда, истото го пишуваат и Италијанците.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Добро е што Калид Кулибали се врати на тренинзите во групата, но помалку добро е што Елиф Елмас тренираше одвоено. Наполи не соопшти за што станува збор“, пишува наполтанскиот весник „Ил Матино“.

Доколку станува збор за повреда се надеваме не е ништо сериозно затоа што Македонија за 20 дена ја очекува бараж натпреварот против Косово во Лигата на нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…