Македонската фудбалска репрезентација ја чекаат двата последни натпревари во квалификациите за Светското првенство против Ерменија и Исланд.
Еден од нашите најважни фудбалери Елиф Елмас пред овие натпревари порача дека мораме до крај да се бориме и да се надеваме дека ќе ја искористиме таа мала шанса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Недостасуваат доста играчи, но тоа не е изговор одиме како и секогаш до сега во Ерменија по победа. Не зависи се од нас, но имаме една мала шанса и таа шанса ќе ја бркаме до крај. Треба да очекуваме борба, да бидеме паметни и искусни, иако сме млада репрезентација. Мора да покажеме жар на теренот дека сакаме да победиме, никогаш ништо не се знае, може и Романија да згреши, па ние со две победи да бидеме тие што ќе одиме во баражот. Одиме да покажеме дека повеќе го сакаме тоа второ место од Ерменија и Романија“, изјави Елмас.
Натпреварот со Ерменија го играме во Ереван на 11. ноември, а три дена подоцна во последното коло го пречекуваме Исланд.