Дома Фудбал Останато Екс-фудбалерот на Интер пијан се заканувал на полицајци: Сите ќе ве убијам како овци!

Екс-фудбалерот на Интер пијан се заканувал на полицајци: Сите ќе ве убијам како овци!

Aктуелниот фудбалер на Нови Пазар, Адем Љајиќ, во алкохолизирана состојба го нападнал рецепционерот во белградскиот хотел каде што би сместен. Љајиќ го фатил рецепционерот и му се заканил дека ќе го претепа, пишуваат српските медиуми..

Како што соопшти полицијата, при разговор со оштетениот дознале дека Љајиќ (33) и уште едно непознато лице во видно алкохолизирана состојба влегле во хотелот, а од внатрешниот локал сакале да добијат пиење, но рецепционерот им кажал дека е затворено и тоа ги налутило.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Фудбалерот продолжил да прави проблеми и по пристигнувањето на полицијата.

„За време на разговорот со Љајиќ, тој одбил да ја покаже личната карта на увид, ги навредувал и им се заканувал на полицајците, поради што бил приведен во полициска станица.

При внесувањето и се заканил на патролата дека ги видел и дека ќе го паметат, а кога пристигнал во полициска станица се заканувал со зборовите „сите ќе ве убијам како овци“.

Да потсетиме, поранешниот српски репрезентативец Адем Љајиќ пред почетокот на оваа сезона потпиша за Нови Пазар откако со меѓусебен договор го раскина договорот со турски Карагумрук.

Најпознатиот фудбалер на Нови Пазар во последните децении никогаш не играл за клуб од родниот град, а со враќањето и дебито го исполни детскиот сон. Љајиќ помина низ младинската школа на Партизан, а потоа замина во Италија каде неколку години играше за Интер, Рома, Фиорентина и Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Реал Мадрид немаат дилеми кој ќе биде капитен по Начо

Шпанскиот фудбалер Начо Фернандез вчера прифатил двегодишна соработка од Ал Кадсија и таму…