Дома Останати Експертите објаснија: Еве зошто судиите правилно пресудија на мечот Словенија – Германија

Експертите објаснија: Еве зошто судиите правилно пресудија на мечот Словенија – Германија

Во неверојатната завршница натпреварот помеѓу Словенија и Германија заврши без победник со резултат 25:25, а после мечот имаше големи полемики за судиските одлуки.

Имено, Словенците постигнаа погодок на седум секунди пред крајот и започнаа со прослава на победата, меѓутоа судиите одлучија да ги прегледаат снимките.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Судиите на снимките разгледувале дали словенечкиот играч Блаж Јанц направил престап при погодокот со водство, што не било случај, но спорна била ситуација што се случи после тоа.

Откако Јанц го постигна погодокот, а Словенците ја прославуваа победата, Германците се обидуваа да тргнат и да шутираат од центар. Меѓутоа во тоа ги спречи Блаж Благотиншек, кој блокираше на центарот.

Проблемот во тоа блокиање е што словенечкиот играч не беше оддалечен три метри од изведувачот.

„Доколку во последните 30 секунди од играта, додека топката не е во игра, играчот одолговлекува или го попречува противникот да изведе или упати удар кон голот, судијата мора да го дисквалификува и да досуди удар од седум метри за противничката екипа“, се вели во правилата на ИХФ кои важат од 2015. година.

Тоа значи дека одлуката на судиската двојка беше целосно исправна!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар имаше среќа: Доби одлична група во Лига Европа!

Македонскиот ракометен великан Вардар може да биде задоволен од денешната ждрепка за групн…