Дома Топ вести „Екип“ откри кој ќе биде нов тренер на ПСЖ – повторно Италијанец

„Екип“ откри кој ќе биде нов тренер на ПСЖ – повторно Италијанец

Италијанските и француските медиуми откриваат дека Масимилиано Алегри најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Пари Сент Жермен.

Супербогатиот ПСЖ ова лето ги направи двата најскапи трансфери во историјата на фудбалот и верва дека Алегри е вистинскиот човек кој ќе може да го однесе тимот на врвот на Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Емнентниот „Екип“ пренесува дека Алегри е на врвот на листата желби на ПСЖ кој веќе бара наследник на Унаи Емери. Француските медиуми убедени се дека шпанскиот тренер ќе добие отказ на крајот на сезоната.

Алегри има договор со Јувентус до 2020 година и во претходните три години два пати играше финале во Лигата на шампиони. Притоа, осма сезона по ред Италијанецот изборува осминафинале во ЛШ со тимовите кои ги води.

Наводно и самиот Алегри е спремен да ја промени средината и им дал зелено светло на богатите сопственици на ПСЖ. Доколку не успеат да го донесат Алегри, најголеми шанси му се даваат на Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…