Дома Фудбал Останато Едниот му бил како татко, другиот сакал да го претепа – Касанo за најдобрата и најлошата личност во кариерата

Едниот му бил како татко, другиот сакал да го претепа – Касанo за најдобрата и најлошата личност во кариерата

cassano

Поранешниот италиајански репрезентативец, Антонио Касано без влакна на јазикот зборуваше за својот поранешен тренер.

Контроверзниот напаѓач кој често пати во својата кариера беше во центарот на вниманието поради не фудбалски причини зборуваше за најдобрата и најлошата личност кои ги запознал во текот на својата кариера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Најдобрата личност која што ја запознав во својот живот беше претседателот на Сампдорија, Рикардо Гарон. Се уште со емоции зборувам за него и после сите овие години. Беше искрен, пристоен, великодушен и почитуван. Личност каква што во светот на фудбалот тешко ќе пронајдете. Ги имаше сите карактеристики на совршен човек. Се грижеше за мене како татко, ми беше како татко кој го немав. Ми даваше совети и внимание. Најлошо се чуствував кога немаше да покажам почитување кон него“.

Гарон почина во јануари 2013 година.

„Тој беше најдобрата личност. Исто така запознав и многу лоши луѓе во мојот живот, најлошата личност беше тренерот Страмачиони. Не го сметав за искрена и праведна личност бидејќи тој едно ви зборува, а прави нешто сосема друго. Не ми се допадна ниту малку, не го сакам ниту сега. Избегнувам физички пресметки, но кога ќе го видев добивав желба да го направам тоа“, изјави Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…