Веќе некое време во светот нема спортски случувања, па така ова е добра прилика за потсетување на некои работи од минатото, шпанска „Марка“ сега доби една ексклузива од Жозе Мурињо.
Мурињо од Лондон за „Марка“ помеѓу другото зборуваше и за сезоната 2011/2012 кога Реал ја победи Барселона во трката за титулата во Шпанија, но испадна од Баерн после изведувањето на пенали.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Жозе тогаш сметал дека неговиот Реал бил најдобар тим во Европа. И навистина, Реал тогаш во првенството заврши пред моќната Барселона на Гвардиола и изгледаше дека се фаворити за Лигата на шампионите.
Сепак, Мурињо во полуфиналето налета на Баерн кој ги победи после пенал рулетот и денес се памети „вселенското“ промашување на Серхио Рамос.
Португалецот за „Марка“ откри дека тогаш единствен пат плачел после пораз и тоа затоа што верувал дека неговиот тим е најдобар во Европа.
„Ноќта откако бевме исфрлени од Лигата на шампионите од страна на Баерн беше единствен пат кога плачев поради пораз. Каранка и јас седевме пред мојата куќа и плачевме во автомобилот…Таа сезона Реал беше најдобар тим во Шпанија и во Европа. Поради тоа тешко беше да се прифати елиминацијата од Баерн во Лигата на шампионите“, изјави Мурињо.