Фудбалерите на Барселона се враќаат на местото каде некаде убаво си поминуваа, бидејќи „Стефморд Бриџ“ памети само еден пораз од Каталонците и тоа дамнешната 2005.година, кога се „роди“ Лео Меси.
Челзи последен пат во 2012. година ја изфрли Барселона од полуфиналето во Лигата на шампионите. Дрогба го постигна единствениот гол во Лондон, а во реваншот беше 2:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шест години подоцна, големиот ривалитет повторно е тука, Барселона стигнува како лидер во Примера, а Челзи минута низ тежок период.
Сепак, тоа ништо не мора да значи, во ваквите натпревари, одлучуваат ситни детали, а и формата нема секогаш пресудна улога.
Каталонските медиуми пренесоа денес попладне дека Ернесто Валверде не се откажува од својата формација 4-4-2, и дека единствената дилема е дали во стартните 11 ќе се најде Паулињо или Андре Гомеш.
Бразилецот не е на нивото на есенските партии, последните недели игра послабо, а со оглед на тоа дека Филипе Кутињо нема право да настапува, нема многу избор кој ќе го презеде местото покрај капитенот Иниеста, Ракитиќ и Бускетс.
Навивачите се бсни, Гомеш последен пат играше во реваншот на Купот на Кралеците со Валенсија, кога на полувреме беше заменет поради очајната партија.
Не го виде теренот ниту една минута против Гетафе, Еспањол и Ејбар, но сега сплет на околности може да добие шанса против Челзи, бидејќи Паулињо потфрли на мечот со Ејбар.
Каталонските медиуми исто така се прашуваат, дали е ова вистински потег, а навивачите, дали Барселона повторно ќе игра едно полувреме или час со играч помалку.