Џонатан Дејвид е еден од најбараните напаѓачи во Европа, а наскоро готово сигурно ќе го напушти Лил.
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а за неговиот потпис интерес покажуваат неколку евроопски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој и официјално одбил нов договор со Лил и му соопштил на клубот дека сака трансфер на крајот на сезоната.
Напаѓачот влегува во последната година од договорот, па Лил ќе мора да го продаде, а за неговата слобода бара 40 милиони евра.
Според најавите Дејвид преферира преселба во Серија А, каде интерес за него покажуваат Милан и Интер.