Дома Фудбал Останато Еден ден по херојскиот подвиг – Што прави Едуардо Берицо?

Еден ден по херојскиот подвиг – Што прави Едуардо Берицо?

Tренерот на Севиља дефинитивно е херојот на денот.

Едуардо Берицо вчера на полувремето при резултат 0:3 на своите фудбалери им соопшти дека боледува од рак на простата, а неговиот тим одговори со историско враќање и реми од 3:3.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Еден ден после херојскиот подвиг, Берицо најнормално пристигна на тренингот им се заблагодари на своите фудбалери за играта која ја прикажаа во вторите 45 минути. Берицо со ова покажа каков професионалец и човек.

Иначе, докторот задолжен за неговото лекување потврди дека Берицо може да нормално да продолжи со секојдневните обврски, но мора да започне и со терапија.

Ако постои некоја позитивна работа кај ракот на простата е што тој може да се отстрани, а да не се прошири на останатите органи и според докторските процеки, Берицо правовремено дознал за болеста и започнал со лекување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тајгер Вудс пуштен од затвор, се огласи и Доналд Трамп

Познатиот голфер Тајгер Вудс е пуштен на слобода откако помина осум часа зад решетки порад…