Дома Трансфер зона Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Милан

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Милан

Франк Кеси игра уште една фантастична сезона во дресот на Милан и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска со актуелниот договор е врзан со Милан до 2022 година, а „росонерите“ веќе му понудија продолжување на соработката до 2026 година.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ситуацијата ја следат Реал Мадрид и ПСЖ, но после одличниот настап на „Олд Трафорд“ интерес за Кеси покажаа и неколку англиски клубови.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека 24-годишниот играч за врска има понуди од неколку клубови, но негов приоритет е да остане во Милан и веќе започнал преговори за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …