Дома Фудбал Останато Еве што мисли Венгер за опцијата Барселона да и се приклучи на Премиер лигата

Еве што мисли Венгер за опцијата Барселона да и се приклучи на Премиер лигата

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер откри што мисли за преминувањето на Барселона во англиската Премиер лига.

Претседателот на Барселона неодамна потврди дека Барселона би можела да го напушти шпанското првенство доколку Каталонија прогласи независност.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Фудбалскиот клуб Барселона се приклучи кон генералниот штрајк после референдумот кој беше одржан во неделата. Според властите во Каталонија 90% од граѓаните се изјасниле дека сакаат независност, а излезеноста била 42.3%.

Потоа уставниот суд на Шпанија го прогласи референдумот за нелегален

„Доколку Барселона навистина се приклучи на Премиер лигата тоа дополнително ќе ги отежни работите на сите. Сметам дека би имало и повеќе инциденти во спортска смисла, бидејќи Барселона е политички клуб. Ќе биде интересно да се види како ќе се снајдат во нашето првенство. Имаме доволно клубови (20), но доколку сакате да го зголемите бројот на клубови прво повикајте ги клубовите од Шкотска“, изјави Венгер.

Познато е дека најголемите шкотски клубови Селтик и Глазгов Ренџерс веќе подолго време се обидуваа да добијат дозвола за настап во Англија, прифајќајќи да почнат и од пониските лиги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Светско првенство во сериозна опасност? Војната на Блискиот Исток може да ги промени плановите на ФИФА

Светското првенство во 2026 година треба да започне за помалку од 100 дена, но зголемените…