Дома Македонски спорт Еве кога настапуваат македонските спортисти на Олимписките игри

Еве кога настапуваат македонските спортисти на Олимписките игри

Денес се одржа свеченото отварање на Олимписките игри на кои Македонија ќе биде претставувана од осум спортисти.

Прв од македонските спортисти ќе настапи Борјан Бранковски во стрелаштво. Тој ќе се појави утре на првиот официјален натпреварувачки ден и тоа со почеток од шест наутро по македонско време.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


КОПМПЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ НА ОИ

1. Борјан Бранковски – 10 метри воздушен пиштол квалификации (24.07.2021 – 6 часот)

2. Филип Деркоски – 400 метри слободно квалификации (24.07.2021 – 12.45 часот)

3. Арбреша Реџепи – Џудо -52кг. (25.07.2021 – 4 часот)

4. Дејан Георгиевски – Таеквондо 80кг. (27.07.2021 – 3.15 часот)

5. Миа Блажевска Еминова – 100 метри слободно квалификации (28.07.2021 – 14 часот)

6. Јован Стојоски – Атлетика 400 метри (01.08.2021 – 3.45 часот)

7. Пулексенија Јованоска – Карате ката (05.08.2021 – 3 часот)

8. Магомедгаџи Нуров – Борење 97кг. (06.08.2021 – 11 часот)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…