Дома Фудбал Останато Еве зошто Барселона сака да го продаде Кутињо во јануари

Еве зошто Барселона сака да го продаде Кутињо во јануари

Ситуацијата на Фелипе Кутињо во Барселона се менува, а сега изгледа е повторно пред заминување.

Причината поради која шпанските медиуми пишуваат дека Кутињо повторно е пред заминување овој пат не се толку неговите настапи на теренот туку клазула во договорот помеѓу Ливерпул и Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона во овој период не е во баш најдобар финансиски момент, клубот е во минис и новото раководство ќе треба да се справи со тој проблем.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека во договорот помеѓу Ливерпул и Барселона има клазула според која Каталонците ќе треба да му исплатат на Ливерпул 20 милиони евра кога Кутињо ќе го одигра 100. натпревар за Барса.

До овој момент Бразилецот има 88 и ако не биде продаден во јануари многу веројатно брзо ќе дојде до бројката од 100 настпаи.

Ако Кутињо биде продаден во јануари не само што Барселона нема да го плати бонусот туку и ќе добијат сума која сигурно добро ќе им дојде.

Инаку, сезонава Кутињо нема некој посебен учинок и е во ротација на Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…