Манчестер Јунајтед и оваа сезона игра исклучително лошо и тимот на Жозе Мурињо ретко потсетува на екипата која со години доминираше во Англија.
Јунајтед за сега не игра ниту блиску до она што навивачите го сакаат. Тренерот Жозе Мурињо во текот на летото не ги доби посакуваните засилувања, а на „Олд Трафорд“ нема да бидат ниту во јануари. Според пишувањата на „Independent“, управата на клубот нема намера да доведе засилувања во текот на јануари и тоа сосема сигурно дополнително ќе го налути Мурињо.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Мурињо жестоко ја критикуваше управата на клубот, бидејќи не му овозможи да купи квалитетни засилувања со кои би можел да се бори за титулата. Тоа и јавно го искажа и тоа за малку ќе го чинеше работа. Меѓутоа, факт е дека доколку остане без засилувања и во јануари, нема да му се допадне на Португалецот. Очекуваше пари за да доведе фудбалери кои ќе му помогнат да се искачи на врвот на табелата, но нема да ги добие.
Јунајтед во моментов е на осмото место на табелата со 20 осбоени бода и за местото кое води во Лигата на Шампионите засотанува седум бода.