Дома Останати Кошарка НБА Дурант играше спектакуларно, но Голден Стејт претрпе пораз, Леброн ги одведе Лејкерси до победа (ВИДЕО)

Дурант играше спектакуларно, но Голден Стејт претрпе пораз, Леброн ги одведе Лејкерси до победа (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа три натпревари, а најголемо време привлече чудесниот настап на Кевин Дурант.

Кевин Дурант постигна дури 51 поен во поразот на Голден Стејт против Торонто после продолженија со 131:128.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Беше тоа ноќ на Кевин Дурант. Погодуваше скоро се, ги враќаше Вориорси од тепки ситуации, но Рапторси на крајот сепак покажаа повеќе и стигнаа до победата.

Дурант натпреварот го заврши со 51 поен (18/31) и 11 скокови, го следеа Клеј Томпсон со 23 и Џонас Јеребеко со 20 поени.

На другата страна Торонто до победа ги предводеше одличниот Каваи Леонард со 37 поени, Паскал Сиакам додаде 26, Серж Ибака 20 поени.

Лос Анџелес Лејкерси во „Стејплс Центарот“ ја совладаа Индијана со 104:96.

Најзаслужен за 12-тата победа на Лејкерси беше Леброн Џејмс кој натпреварот го заврши со 38 поени, девет скокови и седум асистенции.

Кај гостите одличен натпревар одигра Домантас Сабонис кој уфрли 20 поени и запиша 15 скокови.

ЛА Клиперси на гостувањето против Сакраменто славеа со 133:121. Најефикасен кај тимот од Лос Анџелес беше Тобиас Харис со 28 поени, одличен беше Монтези Харел со 24 поени.

Комплетната екипа на Клиперси беше и тоа како шутерски расположена и имаа процент на дури 56 проценти погодени шутеви од игра. На другата страна Богдан Богдановиќ беше најефикасен со 26 поени.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …