Шкендија вечерва гостува во Луксембург кај Дуделанж во рамките на Лигата на Европа. По поразот во Скопје, Шкендија мора да нападне, да постигне минимум два гола и да ја сочува својата мрежа доколку сака да го продолжи европското лето.
Шкендија повторно фаворит според букмејкерите
Противникот на Шкендија во 2-то коло во Лигата на Европа, луксембуршкиот првак Дуделанж беше еден од најлесните ривали што можеше да ги добие нашиот шампион. Но Шкендија го доби и најлесниот ривал во првото коло од квалификциите за Лигата на Шампиони, Номе Калју па испадна. Сега нашиот шампион е пред нов дебакл. На првиот меч Шкендија имаше контрола на играта, рано поведе и го контролираше резултатот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но по две катастрофални грешки на голманот, Дуделанж постигна два гола и славеше победа во Скопје. Нешто се случува со оваа Шкендија и тука нема дилема. Се фрлија големи пари, особено оној трансфер на Фелипе кој ќе земе цело богадсто од тетовскиот тим, а целта беше само една – пласман во групна фаза во Лигата на Шампиони или Лигата на Европа. Од таа гледна точка, испаѓање на Шкендија во оваа фаза ќе биде неверојатно разочарување и за сите во тимот, за навивачите, но и за спонзорорт кој не штеди пари за остварување на целта.
Шкендија три години по ред го минува првото европско коло
Ако се погледнат последните три години, тогаш навивачите на „црвено-црните“ можат да бидат оптимисти за успех на нивната екипа. Шкендија не погреши во првото квалификациско коло три години по ред, па тоа им дава надеж дека серијата ќе продолжи и ова лето.
Серијата ја започнаа со Краковиjа од Полска во сезоната 2016, а истата продолжи пред две години кога беше елиминирана Дачиа од Романија. Минатата година, Шкендија одигра супериорно на домашен терен и победи со 5:0 против ТНС, но стравуваше до последен момент и неочекувано загуби на реваншот во Велс со 4:0. Сепак, на крајот Шкендија помина во второто коло. Според ова, можеме да веруваме дека македонскиот шампион ќе ја мине оваа прва пречка во Лигата на Шампиони, особено што против себе има далеку послаб ривал.
Формата на ниско ниво, голманите катастрофални, нападот разочарувачки
Има мал милион причини зошто Шкендија е повторно голем фаворит на овој втор меч. Сите знаеме дека во моментов Шкендија располага со импресивен напад, одлична средина и репрезентативни бекови. Затоа повеќе ќе се задржиме на нивната форма, отколку на нивниот квалитет. Експедицијата на Шкендија во Крањска Гора престојуваше речиси две недели. Потоа се работеше и во Тетово.
Според игрите и резултатите прикажани на контролите во Словенија, па и на оние натпревари во Европа досега Шкендија ни од далеку не е во добра форма. На четирите „теста“ тетовци се поразени двапати, од Злин со 0:1 и од Зорија со 0:3. Посебно разочарувачки беше последниот тест и поразот од 3:0 против украинскиот тим. Победија со Олимпија и Жилина со по 1:0. Славеа над Номе Калју на гости, но беа поразени дома. На последниот меч доживеаа пораз и од Дуделанж. Проблемот е слабиот напад и голманот. Шкендија примаше голови по киксови на двата голмани, а даваше голови единствено од пенал. Со таков напад и со такви голмани, не може да очекуваме добри вести од Луксембург.
Дуделанж со истиот тим кои минатата сезона играше во групите од ЛЕ
Дуделанж од Луксембург … веднаш многумина мислеа дека Шкендија имала лесна жрепка, но згрешија. Дуделанж минатата сезона имаше историски настап во групната фаза од Лигата на Европа, На патот дотаму елиминираше многу квалитетни екипи, а одигра 1:1 против Бетис во групната фаза. Тимот сезонава им е речиси ист како минатата, тим во кои преовладуваат интернационалци или репрезентативци на Луксембург. Во првото коло доживеаа несреќна елиминација од Валета од Малта, па сега и тие како и Шкендија бараат шанса за поправен испит. Играат многу подобро дома, отколку на гости па тоа е уште една причина која не тера да веруваме дека Шкендија ќе има крајно тешка задача да даде два гола и да мине во следната фаза.