Дома Фудбал Останато „Дрим тим“ за „нула“ евра: Со овие играчи клубовите можат слободно да преговараат (ФОТО)

„Дрим тим“ за „нула“ евра: Со овие играчи клубовите можат слободно да преговараат (ФОТО)

Почетокот на Новата година значи дека од нејзиниот прв ден фудбалерите на кои им истекува договорот на половината од 2019 година имаат право да преговараат со потенцијалните работодавци.

И што е најважно, ако се одлучат за нов клуб, таму ќе преминат бесплатно и без оштета.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога се голманите во прашања најатрактивни се имињата на Џанлуиџи Буфон и Петар Чех. Буфон минатото лето пристигна во ПСЖ, доби едногодишен договор со опција истиот да биде продолжен на уште една, но засега никој официјално не се огласил. Иста е и ситуацијата со Чех во Арсенал.

Во одбраната доминираат Бразилците: Дани Алвес (ПСЖ), Диего Годин (Атлетико Мадрид) Давид Луиз (Челзи) и Фелипе Луиз Атлетико Мадрид.

И во средниот ред има играч на ПСЖ, тоа е Адриен Рабио, а него друштво му прават Сеск Фабрегас (Челзи) и Арон Рамзи (Арсенал).

Во напаѓачката линија имаме двајца ветерани од Баерн Минхен, Арјен Робен и Франк Рибери кои се сместени по страничните позиции, додека централно место доби Оливие Жиру.

Меѓутоа ова се само некои од имињата, слободни наредното лето ќе бидат уште играчи како: Тоби Алдервилд (Тотенхем), Винстент Комапни (Манчестер Сити), Томас Вермален (Барселона), Хуанфран (Атлетико), Хуан Мата (Манчестер Јунајтед), Даниеле Де Роси (Рома), Андер Ерера (Манчестер Јунајтед), Адуриз (Атлетик Билбао), Марио Балотели (Ница), Даниел Стариџ (Ливерпул)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус, Интер и Манчестер Јунајтед го сакаат Начо

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…