Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Дресот на Модриќ од натпреварот против Шпанија продаден за 16 илјади евра

Дресот на Модриќ од натпреварот против Шпанија продаден за 16 илјади евра

Дресовите кои хрватските репрезентативци ги носеа на натпреварот против Шпанија се продадени за 48.909 евра на онлајн аукцијата организирана за Фондацијата „Vatreno srce“.

Откако хрватската репрезентација стана првата репрезентација во светот која дресовите од еден натпревар (Хрватска – Унгарија, квалификации за ЕП 2020) ги продаде на онлајн аукција и притоа собра повеќе од 30 илјади евра, сега тоа истото го направи, но овој пат на едно големо натпреварување.

Сите хрватски репрезентативци кои биле во записникот на натпреварот против Шпанија ги продадоа своите дресови на аукцијата на интернет страницата www.matchwornshirt.com/club/croatia, а нивната почетна цена беше 89 евра.

Дресот на Лука Модриќ достигна цена од 16 илјади евра и со тоа стана најскапиот продаден дрес. Лука од врвот го симна Хари Кејн (15.714 евра).

Ова беше петта ајуспешна аукција на оваа интернет страница. Првите четири места ги држат Тотенхем (двапати), Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Севиља – Валенсија: Големо дерби во Примера

Денес на програмата е вонредното 6-то коло во шпанската Примера, каде најголемо внимание с…