Според сознанијата на „Билд“, Јулијан Дракслер веројатно ќе биде жртвуван за „Светците“ да не бидат санкционираат поради прекршувањето на финансискиот фер-плеј.
Тој сака да остане во Париз, но пристигнувањето на Нејмар и извесното пристигнување на Мбапе се повеќе ја загрозуваат неговата позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дракслер не одигра ниту еден натпревар за ПСЖ од изминатата сезона, а причината е што за репрезентацијата на Германија го играше Купот на Конфередациите во Русија. Германеците го освоија ова натпреварување, а Дракслер беше избран за најдобар играч на истото.
„Билд“ наведува дека за Дракслер интерес покажале Интер и Барселона, па наскоро би можел да замине.
На Барселона тој им е во план „Б“ и ќе се насочат кон него доколку не им успее мисијата на доведување на Осман Дембеле од Дортмунд. Што се однесува до „Нероаѕурите“ тука работите ќе бидат јасно штом ќе се знае дали Иван Перишиќ ќе остане или ќе биде продаден во Манчестер Јунајтед.