Дома Македонски спорт До крајот на годината Скопје домаќин на пет силни тениски турнири!

До крајот на годината Скопје домаќин на пет силни тениски турнири!

По повод 70 годишниот јубилеј на македонскиот тенис, ТФСМ во следниот период ќе организира пет силни турнири.

„На наше големо задоволство, Тениската федерација на С. Македонија по повод 70 годишниот јубилеј на македонскиот тенис има план да организира пет меѓународни турнири во периодот мај – септември 2023“, информираат од ТФСМ.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Со најголем награден фонд – 80.000 долари ќе биде „ATP Challenger 75“ (20 – 27 мај). „ITF World Tennis Tour M25“ (4 -11 јуни) и „ITF World Tennis Tour W25“ (септември) ќе се играат за награден фонд од 25.000 долари. „Billie Jean King Cup furope“ ќе се игра од 19 – 25 јуни).

За 7 мај е предвиден дипломатски турнир.

Турнирите се со цел популаризација на тенисот во Македонија и одбележувањето на јубилејната година и сите ќе се играат на терените на ТК Југ во Градски парк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…