Борусија Дортмунд испратила официјална понуда до Сасуоло за напаѓачот Џанлука Скамака, пренесува „Газета дело Спорт“.
Германскиот клуб е во потрага по напаѓач и го сака италијанскиот репрезентативец, па понудиле 45 милиони евра за неговиот потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скамака игра фантастично оваа сезона, а „милионерите“ веруваат дека би бил идеален наследник на Халанд, па сакаат да го донесат уште во јануари.
Самиот Скамака меѓутоа не сака да ја напушти Серија А и преферира трансфер во Интер, кој е силно заинтересиран за него.
Меѓутоа, „нероаѕурите“ сакаат да го донесат на лето, а напаѓачот е спремен да ја одбие Борусија Дортмунд и да остане во Сасуоло до крајот на сезоната за после да се пресели на „Џузепе Меаца“.
Dortmund offer €45M for Scamacca but the player wants to play for Inzaghi.
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) January 28, 2022
[via @Gazzetta_it]