Дома Топ вести Интер почна преговори за Скамака

Интер почна преговори за Скамака

Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака минатото лето се пресели во Вест Хем, но најверојатно експресно да се врати во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Скамака со настапите во Сасуоло се етаблираше во еден од најголемите таленти на Апенините, но во Премиер лигата се уште не може да се адаптира.

Рома веќе подолго време покажува интерес, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Интер.

„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач откако пропадна трансферот на Лукаку, а една од најголемите желби е токму Скамака.

Вест Хем за слободата на Италијанецот бара 30 милиони евра, а Интер почнал преговори со „чеканите“ и ќе се обиде да договори позајмица со задолжителен откуп после две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…