Дома Топ вести Дортмунд „краде“ уште еден талент пред носот на гигантите!

Дортмунд „краде“ уште еден талент пред носот на гигантите!

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.

Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Милан и Барселона веќе подолго време го следат Камавинга, но Борусија Дортмунд е спремна да го „украде“ пред носот на гигантите.

„Милионерите“ се експерти за купување на млади фудбалски таленти, па после Халанд сега се насочуваат кон Камавинга и се спремни да платат 50 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…