Дома Трансфер зона Дортмунд и Јувентус го сакаат Санчо

Дортмунд и Јувентус го сакаат Санчо

Џејдон Санчо е во потрага по нов клуб откако влезе во конфликт со тренерот Тен Хаг и сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг и јасно е дека нема да добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јунајтед сака по секоја цена да се ослободи од Санчо и е спремен да го пушти на позајмица плајќајќи дел од неговата плата.

Најсилен интерес за него покажува Борусија Дортмунд, клубот каде што Санчо ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Јувентус, кој исто така сака да го доведе Англичанецот во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…