Дека словенскиот кошаркар, Лука Дончиќ игра феноменална дебитантска сезона во НБА лигата, тоа повеќе и не е некоја вест, но секогаш е интересно да се види како буквално си поигрува со своите далку постари и поискусни коле ги во најсилната лига во светот.
Дончиќ со својот Далас вчера гостуваше кај Мајами и овој натпревар го заврши со учинок од 19 поени, осум скокови и седум асистенции. Сепак, тоа не беше доволно затоа што Далас изгуби со 105:99.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Овој натпревар во центарот на вниманието за овие простори беше и поради судирот на двајцата Словенци, Дончиќ и Драгиќ (тука).
Дончиќ на теренот се истакна и со еден дриблинг кога на паркетот го фрли 32 годишниот колега од спротивниот табор кој имаше среќа што не заработи повреда.
Погледнете како сето тоа изгледаше: