Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ постигна 60 поени и побара само едно – пиво!

Дончиќ постигна 60 поени и побара само едно – пиво!

Словенечкиот кошаркар и суперѕвезда на Далас Маверикс Лука Дончиќ имаше историска ноќ во победата на неговиот тим над Њујорк Никс (126:121).

Неверојатниот Дончиќ постигна 60 поени, имаше уште 21 скок и 10 асистенции. Таков учинок со 60 плус поени, 20 плус кокови и 10 плус асистенции немал ниту еден кошаркар во НБА претходно.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Благодарение на него, Маверикс успеаа да направат пресврт и да го добијат мечот.

„Сведоци сме на големината на Лука Дончиќ. Никогаш во животот не сум видел такво нешто“, изјави сопственикот на Маверикс, Марк Кубан.

Сепак скромниот Дончиќ по еден таков натпревар побара само една работа – пиво!

„,Многу сум уморен… Сега ќе ми треба пиво за опоравување“, изјави Лука на новинарот на паркетот по дуелот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…