После Ол-Стар паузата продолжи сезоната во НБА лигата.
Во тексашкото дерби Далас славеше против Сан Антонио со 115:104.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најзаслужен и за оваа победа на Далас беше Лука Дончиќ. Дончиќ натпреварот го заврши со 22 поени, 12 скокови и 12 асистенции со што стигна до неговиот 33. трипл-дабл во сезоната.
Словенецот одново покажа неколку одлични потези како кога целосно го исфрли од игра Дејонте Мареј и погоди тројка.
LUKA DONCIC. WHAT A MOVE pic.twitter.com/xaz9shkG6J
— Legion Hoops (@LegionHoops) March 11, 2021
Прв стрелец на Мавси беше Кристапс Порзингис со 28 поени и 14 поени. Спарси беа предводени од Дерозан со 30 поени. Треба да се спомене дека за Сан Антонио не играше Лемаркус Олдриџ. Тренерот Грег Попович објави дека клубот и играчот се договориле за спогодбен раскин на договорот.
Во вториот натпревар Мемфис славеше против Вашингтон со 127:112. Јонас Валанчиунас за Гризлите постигна 29 поени и запиша 20 скокови, а за Визардси најефикасни беа Бредли Бил (21) и Расел Вестбрук (20 поени и 10 асистенции).