Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Донарума: Кога промаши Жоргињо мислев дека изгубивме

Донарума: Кога промаши Жоргињо мислев дека изгубивме

Џанлуиџи Донарума беше еден од хероите на Италија во финалето на Европското првенство, тој го одбрани клучниот пенал на Сака и ја донесе титулата на Италијанците.

На снимките од тој момент може да се забележи дека Донарума воопшто не славеше во тој момент што секако беше чудно затоа што ретко кој може да остане ладен при освојување на европска титула, па уште ако тој е херојот.

Донарума сега објасни дека во првите моменти не знаел што се случува, сфатил дека се победници кога видел дека соиграчите трчаат кон него.

„Не славев веднаш затоа што не знаев што се случува. Кога Жоргињо го промаши пеналот мислев дека ние изгубивме. Откако го одбранив пеналот гледав кон судијата за да видам дали има некоја реакција. Тогаш ги видов моите соиграчи како трчаат кон, тогаш сфативме дека победуваме“, изјави Донарума.

Инаку, Донарума беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство и ова е првпат еден голман да ја освои оваа награда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ѕвездата на Реал е навивач на Барселона: Плачеше поради Барса

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е навивач на Барселона, тврди бившиот скаут на Ка…