Дома Трансфер зона Донарума го чека разочарување во Париз?

Донарума го чека разочарување во Париз?

Многу брзо се очекува Џанлуиџи Донарума да биде претставен како нов голман на ПСЖ.

Одличниот италијански голман ја прифати понудата од францускиот гигант и ќе потпише договор до јуни 2026 година. Меѓутоа сега пристигнуваат изненадувачки вести.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дел од француските медиуми пренесуваат дека Маурисио Покетино веќе донел одлука прв голма на „Паркот на Принцовите“ да биде Кејлор Навас, Донарума на почетокот наводно би имал улога на втор голман.

Ќе биде интересно да се види дали доколку во овие информации има вистина како ќе реагира Донарума.

Навас веќе две сезони е член на ПСЖ, пристигна од Реал Мадрид и се покажа како одлично засилување. Џиџи во претходните шест години беше член на Милан. Помеѓу „росонерите“ доби шанса на само 16 години и набрзо стана прв голма на „росонерите“ каде што собра 251 настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…