Дома Топ вести Домино ефект: Кавани во Шпанија, Диего Коста во Италија

Домино ефект: Кавани во Шпанија, Диего Коста во Италија

Италијанските медиуми вчера потврдија дека Едисон Кавани постигнал договор со Атлетико Мадрид каде ќе потпише 3-годишен договор.

Уругваецот ја игра последната сезона во ПСЖ и на лето ќе биде слободен агент, а со оглед дека „светците“ одлучија да го откупат Мауро Икарди, тоа ќе значи заминување на Кавани.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Диего Симеоне е голем симпатизер на играта на Кавани, а неговото доаѓање во Мадрид дефинитивно ќе значи заминување на Диего Коста.

Италијанските медиуми тврдат дека Диего Коста кариерата ќе ја продолжи во Серија А, поточно во дресот на Милан.

„Росонерите“ се во потрага по искусен и етаблиран напаѓач, а Атлетико е спремен да го пушти Диего Коста за 18 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…