Дома Останати Авто Мото Доминација: Маркез со 10-та победа по ред во Германија

Доминација: Маркез со 10-та победа по ред во Германија

Марк Маркез заокружи една декада доминација на ГН на Германија, откако попладнево се радуваше на 10-та победа во низа во Заксенринг.

Шпанецот лесно стигна до триумф во Заксенринг а неговите ривали за титулата се мачеа.

Втор на целта беше Маверик Виналес од Јамаха, додека со третото место се задоволи Кал Крачлоу од Хонда.

Легендата Валентино Роси трката ја заврши на осмото место со 11 секунди заостанување зад Маркез, кој со оваа победа освои уште 25 поени и го зацврсти првото место на генералниот пласман пред Довициозо, кој денеска се пласираше на петтото место.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

„Форбс“ открива детали: Се редат милиони на сметката на Кабиб

Руското издание на магазинот „Форбс“ направи листа на најуспешните спортисти до 40 години,…