Дома Трансфер зона Додека Реал го претставуваше Азар навивачите скандираа име на друг фудбалер (ВИДЕО)

Додека Реал го претставуваше Азар навивачите скандираа име на друг фудбалер (ВИДЕО)

0

Реал Мадрид во досегашниот дел од преодениот рок потроши 303 милиони евра за ангажирање на петмина фудбалери.

Детскиот сон на Еден Азар е исполнет, конечно стана играч на Реал Мадрид.

Откако „кралевите“ минатата недела го официјализираа трансферот вреден 100 милиони евра Азар вчера беше претставен пред навивачите на „Бернабеу“.

На култниот стадион во Мадрид се собраа околу 50.000 навивачи кои во наредните недели очекуваат нови засилувања.

На вчерашното претставување на Азар група навивачи на Реал го скандираа името на Килијан Мбапе и бараа клубот да го доведе.

„Го сакаме Мбапе, го сакаме Мбапе…“, скандираа навивачите на Реал кои присуствуваа на презентацијата на одличниот Белгиец.

Ќе потсетиме, освен Азар за Реал досега потпишаа: Лука Јовиќ, Едер Милитао, Ферланд Менди и Родриго.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пред ангажман на јапонски репрезентативец

Eкипата на Барселона ќе се обиде да го доведе јапонскиот репрезентативец, Даизен Маеда. Да…