Дома Фудбал Останато Додека Перез бара нов стратег, Роналдо бара да биде – најплатен во фудбалот!?

Додека Перез бара нов стратег, Роналдо бара да биде – најплатен во фудбалот!?

ronaldo

Додека Мадрид се уште се опоравува од шокот кој го приреди Зидан со својата оставка, денес се пишува за новите барања на Кристиано Роналдо.

Каталонските медиуми со задоволство пишуваат за ситуацијата во Реал. Зидан одлуката ја соопшти во последен час, дури ниту неговиот стручниот штав не знаел, закажани беа припреми во Монтреал, ќе видиме што ќе се случи.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Никој нема идеја кој би можел да биде негов наследник. Она што е јасно е дека Покетино е прва желба, но тој скоро и да е невозможна мисија.

Што е останатите?

Во игра се уфрли Ландруп, Алегри игледа е само шпекулација, а ниту Сари не е опција за кого сметаат дека ќе се снајде во клуб каков што е Реал Мадрид.

Гути е решение од клубот, но проценето е дека е премногу млад, додека Лев очекувано ја одби понудата.

Значи Реал нема решени, веројатно нема ниту да брза.

Сега поголем проблем е Роналдо.

Според шпанските медиуми, Португалецот бара плата од 80 милиони евра бруто, годишно, до истекот на договорот. Тоа е околу 50 милиони евра нето што би го направило најплатен играч во светот.

Со други зборови, со платта и даноците, Перез за Роналдо до 2021 би требало да издвои 240 милиони, што е научна фантастика и никој не верува дека Перез ќе ги исполни и овие негови барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Храброст или лудост: Навивач на Партизан сам тргна да се тепа со неколку илјади „Делии“ 🎥

Помеѓу навивачите на Партизан владее голем бес и разочарување од резултатите кои ги бележи…