Дома Актуелно Додека играше за Португалија, крадец влезе во домот на Роналдо

Додека играше за Португалија, крадец влезе во домот на Роналдо

Додека синоќа ја предводеше Португалија на натпреварот со Шпанија во Лисабон, крадец влегол во домот на Кристијано Роналдо во Фуншал.

Крадецот успеал да влезе во вилата преку гаражата. Грабежот е потврден од португалската полиција, но се уште не е познато што точно му е украдено. Наводно, крадецот си заминал со неколку предмети од помала вредност и потпишан дрес од Јувентус.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Безбедносните камери го снимле целиот настан, лицето и било добро познато на полицијата, па само прашање на време е кога ќе биде уапсен.

Куќата на Роналдо во Фуншал има седум ката и во неа живеат неговата мајка Долорес и постариот брат Хуго. Не е познато дали во моментот на грабежот тие биле во куќата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Баерн тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Раководството на Баерн од Минхен веќе неколку недели безуспешно се обидува да ангажира кри…