Дома Фудбал Италија Договорот се поблиску: Јувентус ја „блиндира“ новата ѕвезда

Договорот се поблиску: Јувентус ја „блиндира“ новата ѕвезда

Раководството на Јувентус засилено работи на продолжување на договорот со младата ѕвезда, Моис Кин.

19-годишниот напаѓач буквално „експлодира“ оваа сезона и заработи повик во италијанската репрезентација. Кин со своите настапи ги воодушеви сите и постигна четири гола за само 204 минути поминати на терен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Проблем за Јувентус е што младата ѕвезда има договор до 2020 година, а за него силен интерес покажуваат многу европски клубови кои се спрмени да му понудат поголема минутажа.

Поради тоа „бјанконерите“ брзаат да му понудат нов договор според кој Кин ќе се обврзи на верност до 2024 година. Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите се во напредна фаза и дека според новиот договор напаѓачот ќе заработува скоро 2 милиони евра по сезона.

Менаџер на 19-годишниот фудбалер е Мино Раиола со кого „бјанконерите“ имаат одлични односи. Поради тоа не се очекува двете страни да имаат проблем при продолжување на соработката.

Со новиот договор Јувентус ќе ги одбие „нападите“ од другите клубови, но прашање е дали Кин ќе остане во Торино и следната сезона. Постои можност да биде испратен на позајмица каде ќе има поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…