Договорот е постигнат, се чека само официјална потврда.
Францускиот „RMS Sport“ пишува дека во текот на наредните 24 часа ќе биде реализиран трансферот на Франсис Кокелан во Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кокелан после скоро една деценија ќе го напушти Арсенал и кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.
„Топчиите“ го доведоа Кокелан од Франција како 17 годишник во својот младински погон, а пред да стане првотимец беше испраќан на позајмици во Лориен, Фрајбург и Чарлтон.
За Арсенал одигра 159 официјални натпревари, освои два ФА купа и еден Комјунити Шилд, а бидејќи оваа сезона целосно падна во втор план одлучи да ја промени средината и да се приклучи на Валенсија.
BREAKING: Francis Coquelin has agreed to join Valencia and will finalise the deal in the next 24 hours. (Source: RMC Sport) pic.twitter.com/lNEa4fTwlv
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 10, 2018