Дома Фудбал Италија Добри вести за Јувентус пред дербито со Рома

Добри вести за Јувентус пред дербито со Рома

Во тимот на Јувентус се вратија голманот Шчешни и Леонардо Бонучи и ќе бидат спремни за дербито со Рома во сабота.

Шчешни ги пропушти првите два меча во сезоната поради повреда и го замени Матија Перин, кој успеа да ја сочува мрежата против Сасуоло и Сампдорија.

Бонучи играше против Сасуоло, но остана на клупата против Сампдорија поради физички проблеми.

Двајцата се вратија на тренинзите и ќе бидат спремни за дербито со Рома, а Алегри најверојатно ќе ги стави во стартниот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Роси: Рома не нè надигра, пресуди ремек-делото на Кастро

Тренерот на Џенова смета дека неговиот тим долго бил рамноправен на „Олимпико“, но моменто…