Дома Фудбал Англија Добри вести за Лампард: Канте и Маунт се враќаат за Ливерпул

Добри вести за Лампард: Канте и Маунт се враќаат за Ливерпул

Тренерот на Челзи, Френк Лампард истакна дека двајца многу важни фудбалери најверојатно ќе се вратат во тимот за дербито против Ливерпул во недела.

Мејсон Маунт, кој се здоби со повреда на глуждот на мечот со Валенсија ќе биде спремен за недела, а Нголо Канте исто така ги обновил тренинзите и веројатн ќе биде на располагање за дербито.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Има големи шанси Маунт да игра. После мечот со Валенсија работите изгледаа многу лошо, сега е подобро, ќе видиме како ќе се чувствува пред мечот. Тој ќе направи се што е во негова моќ за да игра“, истакна Лампард.

„Што се однесува до Канте сите знаеме колку важен играч е тој за нас. Меѓутоа, прашање е колку е спремен за игра. Беше надвор долго време, а одлична вест е што повторно тренира со тимот“, додаде Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…