Џенаро Гатузо пред неколку дена беше промовиран како нов тренер Наполи.
Гатузо во Наполи го наследи Карло Анчелоти кој го напушти клубот после резултатската криза и лошата атмосфера. Италијанските медиуми очекуваа популарниот Рино да направи одредени промени во тимот.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Денес беше објавен и потенцијалниот прв состав на Гатузо и тоа се добри вести за македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Според Италијанците Елмас ќе биде дел од првиот тим на Наполи. Нешто што не беше случај кај Анчелоти. Под водство на Анчелоти Елмас во главно влегуваше од клупата за резерви.
