Дома Фудбал Германија Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европското првенство, а на него се најде и голманот Александар Нубел кој од Баерн брани како позајмен во редовите на Штутгарт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Самиот Нубел призна дека бил пријадно изненаден од повикот кој го добил, а бидејќи не очекувал тој во тој период го резервирал својот годишен одмор.

„Го испланирав одморов, имав резервирано сафари во Танзанија. Сепак со задоволство ќе го откажам. Во Африка ќе одам следната година“, изјави Нубел.

Нубел дојде во Баерн од Шалке, меѓутоа кога не успеа да се избори да биде прв голман беше испратен на позајмица, прво во Монако, па во Штутгарт. Први голмани на Германија за ЕП веројатно ќе бидат Нојер и Тер Штеген, а освен Нубел тука е и Оливер Бауман од Хофенхајм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…