Во претходните денови на големо се шпекулира дека Нејмар ќе се врати во Барселона.
Бразилецот пред две години одлучи да ја прифати понудата од Пари Сен Жермен и да потпише за францускиот клуб. Тогаш Нејмар стана најскапиот играч во историјата, неговиот трансфер изнесуваше 222 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Нејмар во две сезони во Париз баш и не се прослави и наводно испратил порака да управата на клубот дека сака да се врати во Барселона.
„Не сакам повеќе да играм за ПСЖ. Сакам да се вратам во Шпанија, не требаше никогаш да заминувам од таму“, наводно биле зборовите со кои Нејмар им се обратил на првите луѓе на ПСЖ.
Целата ситуација дополнително ја подгреа неговиот пријател Габриел Медин со неговиот коментар на Инстаграм. Имено, тој остави коментар на фотографија на која се Лионел Меси и Нејмар. Неговиот коментар гласеше: Не можам да дочекам.
Многумина веруваат дека на некој начин Медина потврдил дека нешто помеѓу Нејмар и Барселона навистина се случува.